БАЈДЕН ГИ ПОМИЛУВАЛ СВОИТЕ БРАЌА И СЕСТРА ПРЕД ДА ЗАМИНЕ Трамп вели дека тоа е срамно

Моето семејство беше подложено на немилосрдни напади и закани, мотивирани исклучиво од желбата да ме повредат - најлошиот вид на партиска политика. За жал, немам причина да верувам дека овие напади ќе завршат, изјави Бајден.

2,371

Во последните часови од неговото претседателствување, експретседателот на САД Џо Бајден издал превентивно помилување за неговите браќа Џејмс и Френк, заедно со неговата сестра Валери, и нивните сопружници.

– Моето семејство беше подложено на немилосрдни напади и закани, мотивирани исклучиво од желбата да ме повредат – најлошиот вид на партиска политика. За жал, немам причина да верувам дека овие напади ќе завршат – рече Бајден.






Новиот американски претседател Доналд Трамп во својот говор во Ротондата во Капитол го критикуваше потегот на Бајден.

– Тој помилува луѓе кои се многу, многу виновни за многу сериозни злосторства – рече Трамп алудирајќи на помилуваните членови на истражниот комитет на Претставничкиот дом кој ја осуди неговата улога во нападот на Капитол на 6 јануари 2021.

 

Поврзани содржини