БАЈДЕН ГИ ПОГРЕШИ ЗБОРОВИТЕ „Ја славиме честа на Холокаустот…“ (ВИДЕО)

Во Израел сум за да им оддадам почит на шесте милиони еврејски животи украдени во геноцидот и да го продолжам она што мораме да го правиме секој ден, да продолжиме да сведочиме и да ги одржуваме живи вистината и честа на Холокаустот… ужасот на холокаустот, рече Бајден откако излезе од претседателскиот авион Air Force One.

1,142

Наместо да рече „ужас“ на Холокаустот, во денешната посета на Ерусалиум во Израел, американскиот претседател Џо Бајден рече „чест“ на Холокаустот и брзо се поправи. Гафот одекна во медиумите.

– Во Израел сум за да им оддадам почит на шесте милиони еврејски животи украдени во геноцидот и да го продолжам она што мораме да го правиме секој ден, да продолжиме да сведочиме и да ги одржуваме живи вистината и честа на Холокаустот… ужасот на холокаустот – рече Бајден откако излезе од претседателскиот авион Air Force One.

 






Бајден ја поправи грешката, а потоа се бореше да го прочита говорот и да го изговори името на Меморијалниот центар на холокаустот Јад Вашем.

По Израел, Бајден ќе ги посети Саудиска Арабија и окупираниот Западен Брег.

Поврзани содржини