Бајден формира екипа за борба против ковид-19

161

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден  денеска го објави составот на својот иден тим за борба против коронавирусот, работна група составена од експерти за медицина и здравство, кој ќе биде дел од неговата администрација.

– Борбата против пандемијата на ковид-19 е една од најголемите со кои ќе се соочи нашата влада. Ќе слушаме што ни кажуваат научниците и експертите. Работната група ќе ми помогне да го дефинирам пристапот, да го контролираме зголемувањето на бројот на новозаразени, да обезбедиме вакцините да бидат сигурни, ефикасни, праведно дистрибуирани и бесплатни и успешно да ги заштитиме високоризичните групи – порача Бајден.






Со работната група заеднички ќе раководат Вивек Мурти, првиот човек на американското јавно здравство во администрацијата на Барак Одама, експертот кој Доналд Трамп го отстрани од таа функција и поранешниот шеф на Агенцијата за франа и лекови (ФДА) Дејвид Кеслер.

Поврзани содржини