БАЈДЕН ЌЕ ИМ ОТВОРИ ПРОБЛЕМ НА РУДАРИТЕ НА КРИПТОВАЛУТИ ВО САД Ќе плаќаат данок од 30 отсто на потрошена струја

Доколку предлогот помине планирано е да се спроведува постепено. На почетокот данокот би изнесувал 10% на потрошувачката на електрична енергија од „рударите“ во првата година, 20% во втората година и 30% од третата година.

144

Американската администрација планира да воведе данок од 30% на електричната енергија што се користи за рударење на криптовалути и го вклучи предлогот во својот буџет за следната година.

Идејата за акциза за дигитални средства за рударство на енергија (DAME), како што стои во предлогот на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, е да се оданочат компаниите за рударење на криптовалути бидејќи тие не плаќаат за трошоците што им ги наметнуваат на другите преку зголемена цена на струјата и загадувањето на животната средина.






Доколку предлогот помине планирано е да се спроведува постепено. На почетокот данокот би изнесувал 10% на потрошувачката на електрична енергија од „рударите“ во првата година, 20% во втората година и 30% од третата година.

Предлогот наиде на остри критики од поддржувачите на оваа индустрија во САД.

Поврзани содржини