БАЈДЕН ЈА ПОДДРЖА КАМАЛА ХАРИС Трамп јуниор веднаш ја нападна американската потпретседателка

Демократи, време е да се собереме и да го победиме Трамп - порача Џо Бајден.

1,189

Американскиот претседател Џо Бајден се откажа од трката за нов мандат во Белата куќа и ја поддржа потпретседателката Камала Харис да се кандидира на претстојните претседателски избори.

„Денес сакам да и понудам целосна поддршка на Камала да биде кандидат на нашата партија оваа година. Демократи, време е да се собереме и да го победиме Трамп. Ајде да го направиме ова“ – порача Бајден во објавата на Твитер.






Доналд Трамп Јуниор, најстариот син на републиканскиот кандидат Доналд Трамп веднаш ја нападна Харис, која важи за прв фаворит да влезе во претседателската трка по повлекувањето на Бајден.

„Камала Харис ја поседува целата левичарска политика на Џо Бајден. Единствената разлика е во тоа што таа е уште полиберална и помалку компетентна од Џо, што навистина кажува нешто. Таа беше одговорна за границата и ја видовме најлошата мигрантска инвазија во нашата историја !” – изјави Трамп Џуниор.

Поврзани содржини