🎥 БЈЕЛОГРЛИЌ ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА АФЕРАТА НА АЛЕН ДЕЛОН СО СРПСКИОТ ТЕЛОХРАНИТЕЛ Славниот режисер инспириран од уште една контроверзна приказна
Бјелогрлиќ подготвува проект кој до сега го чувал во тајност, но ненадејната смрт на Делон го забрза потпишувањето на договорот и почетокот на работата на овој меѓународен филмски проект.
Прославениот режисер Драган Бјелогрлиќ, во соработка со реномираниот француски продуцент и режисер Лаџ Ли, веќе неколку месеци работи на сценарио и подготовки за филм кој го истражува фасцинантниот живот на неодамна починатиот актер Ален Делон и неговата врска со Стевица Марковиќ, неговиот долгогодишен телохранител и пријател, открива Блиц.
Бјелогрлиќ подготвува проект кој до сега го чувал во тајност, но ненадејната смрт на Делон го забрза потпишувањето на договорот и почетокот на работата на овој меѓународен филмски проект.
Мистериозната смрт на телохранителот на Делон предизвика голема афера, позната како „афера Марковиќ-Делон“, која со месеци ја тресеше Франција. Истрагата, која будно ја следеа сите француски медиуми, опфати од корзиканска мафија, преку францускиот џет-сет, до врвните политички кругови. Случајот никогаш не беше решен.
– Бјелогрлиќ отсекогаш го интересирале вистинити, но контроверзни приказни од современата историја кои се добро познати, но кријат неистражени детали. Неговите филмови како „Монтевидео“, „Сенки над Баланот“, „Тома“ и „Чуварот на формулата“ ја освојуваа публиката токму со овие карактеристики. Последниве години тој се посвети на истражување на „аферата Марковиќ-Делон“, а за време на премиерата на „Чувари“ во Париз разговараше со Ентони Делон, синот на познатиот актер, за можноста да сними филм за неговиот татко и за неговата врска со српскиот телохранител – открива извор близок до продуцентската куќа „Кобра филм“.
Според информациите на „Блиц“, Бјелогрлиќ планира да ги открие досега непознатите детали од аферата која ја разбранува француската јавност во 70-тите години.
Снимањето на овој амбициозен филм се очекува на крајот на следната година, на автентични локации во Белград и во Париз, а во екипата ќе бидат вклучени француски и српски уметници, како во авторскиот, така и во актерскиот сегмент.
Кој бил Стевица Марковиќ?
Стевица Марковиќ, роден во Белград, во младоста тренирал боречки вештини и често се наоѓал во проблематични ситуации. Сакал да се приклучи на високото друштво. Неговиот пријател Милош Милошевиќ го запознал со Ален Делон, кога кариерта на актерот била на врвот.
Марковиќ набрзо станал телохранител на Делон, а нивниот однос станал толку близок што Марковиќ почнал да живее во приземјето од куќата на Делон во Париз. Се пишувало дека добро заработувал кај Делон, но дека парите ги трошел на коцка, ноќен живот и на коњски трки, што на брачниот пар Делон не му се допаѓало, па во 1968 година му понудиле отпремнина.
Но, Марковиќ ја одбил оваа понуда и почнал да поставува услови кои не му одговарале на семејството Делон. Неколку дена подоцна, на депонија во близина на Париз е најдено телото на Стевица Марковиќ. Истрагата за убиството траела неколку години, испитани се стотици сведоци, вклучувајќи го и Ален Делон.
Деталите изнесени во текот на судењето предизвикале вистински потрес во уметничките, но и во политичките кругови во Париз. И покрај големото медиумско влијание, убиецот или убијците никогаш не се откриени.