Aвтономниот систем на Тесла го измамија со обичен портокал! (ВИДЕО)
Целосно автономни возила во моментов не постојат, без оглед колку производителите како Тесла тврдат дека нивниот автопилот е напреден и способен.
Во американската држава Аризона се казнуваат возачите кои користат трикови за измама на автоматскиот систем за возачот да нема контакт со воланот.
Целосно автономни возила во моментов не постојат, без оглед колку производителите како Тесла тврдат дека нивниот автопилот е напреден и способен.
Поради тоа, возачите кои не го управуваат возилото, туку оставаат сè на небезбеден автопилот, станаа исклучително висок ризик во сообраќајот, а во Аризона таквите возачи се казнувани со 250 долари.
Еден од триковите што го користат е да го измамат паметниот систем со портокал, поради неговата боја, за системот да помисли дека тоа се нечии раце на управувачот, а тоа може да го видите во приложеното видео.
Имено, на пазарот има производи како „Autopilot Buddy“, што се инсталира на воланот, што „паметниот“автопилот го препознава како контакт на возачот со управувачот, па затоа не објавува низа предупредувања за возачот дека треба да ги држи рацете на воланот и да го следи сообраќајот. .
Од 2018 година, автопилотот „Бади“не се продава во САД, но компанијата што го произведува го продава производот надвор од САД без никакви проблеми.