📽️ АВТОМОБИЛИ И КУЌИ ПОД ВОДА, ЛУЃЕТО СЕ ЕВАКУИРААТ Пристигнуваат снимки од хаосот и поплавите во Франција

Француската национална метеоролошка служба Метео Франс ставила четири области во југоисточна Франција под црвен аларм поради силен дожд и поплави. Невремето го зафати поголемиот дел од јужниот дел на Франција. Некои квартови беа евакуирани.

553

Силен дожд предизвика поплави во јужна Франција. Затворени се бројни патишта, во прекин железничкиот сообраќај. Во некои делови започна евакуацијата. Француската национална метеоролошка служба Метео Франс ставила четири области во југоисточна Франција под црвен аларм поради силен дожд и поплави. Невремето го зафати поголемиот дел од јужниот дел на Франција. Некои квартови беа евакуирани.

Затворени се училиштата во областа Алпи-Маритам, градинките, основните и средните училишта и колеџите. Парковите и некои други јавни места беа затворени во главниот град на областа Ница, а на бездомниците им беше дадено привремено засолниште. За време на денешното невреме во областа, особено на запад може да наврнат и до 100 мм дожд. Тлото во областа е веќе заситено од минатонеделните бури, што доведе до ризик од поплави. Невремето доаѓа една недела откако бурата Кирк ја зафати Франција.

 






Во меѓувреме, 20 други јужни окрузи се ставени во портокалова тревога.

Луѓето се советуваат „да останат таму каде што се вечерва ако можат“. Во некои делови започнаа евакуации.

Железничкиот сообраќај исто така беше прекинат на неколку линии северно и североисточно од Тулуз поради „силни ветрови, дожд и бури“, според „SNCF Occitanie“.

За да се обезбеди безбедност на патниците и персоналот, сообраќајот ќе биде целосно прекинат во текот на денот на линиите Тулуз-Родез, Тулуз-Мазамет, Родез-Брив, Монтобан-Каорс-Брив, Фигеак-Орилак.

 

Градските власти ќе ги користат локалните медиуми и социјалните медиуми за да издаваат редовни совети, информации за затворање патишта и училишта и безбедносни ажурирања. Може да се обратат и во кризни центри, доколку е потребно.

– Доколку е на сила црвена тревога во вашата област, треба внимателно да ги следите локалните медиуми, како што се локалните радио станици или социјалните медиуми, да ги следите нивните упатства доколку се издаде наредба за евакуација – велат властите.

 

Метео Франс предупреди дека интензивните врнежи, особено во областите Гард, Лозер, Ардеш, Лоара и Горна Лоара, би можеле да продолжат до крајот на денот во четврток, при што се очекуваат 70 до 100 мм дожд, а локално и до 130 мм.

 

Поврзани содржини