АВТОМОБИЛ УСМРТИ 59-ГОДИШНА ЖЕНА Тешка сообраќајка во Злетово

Несреќата се случила попладне на улицата Пониква, а смртта била констатирана на самото место.

0

Педесет и деветгодишната З.А. од село Злетово го загубила животот во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во злетовско.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи, несреќата се случила околу 15:33 часот на улицата Пониква во Злетово, на местото викано „Клапчово маало“.






Автомобил „мерцедес“ со пробиштипски таблички, управуван од Р.З. (50) од селото Неокази, удрил во пешакот. Жената се здобила со тешки повреди и починала на самото место.

Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Пробиштип, а причините за трагедијата се утврдуваат.

Поврзани содржини