АВТОМОБИЛ ПАДНА ВО ВАРДАР КАЈ СЕЛОТО ЧЕЛОПЕК Повредени се две лица
Едниот од повредените е возачот на автомобилот, додека другата е патничка која била во автомобилот.
Две лица се повредени откако автомобил синоќа падна во реката Вардар во тетовското село Челопек, пренесува ТВ21.
Едниот од повредените е возачот на автомобилот, додека другата е патничка која била во автомобилот.
Сè уште не се познати причините што довеле до лизгањето на автомобилот и неговото паѓање во реката Вардар.
Од полицијата информираат дека случајот е пријавен во 19:40 часот, дека на локалниот пат за село Челопек, кај мостот на река Вардар, патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(39) од Тетово, излетало во реката.
„Притоа со телесни повреди се здобиле возачот и една малолетна сопатничка, констатирани во Клиничката болница Тетово“, информира МВР.
Фотографиите од автомобилот во реката може да ги погледнете ТУКА.