Автомобил падна во провалија кај Струмица, повредениот возач го извлекоа пожарникари
Противпожарната единица од Струмица со техничко возило и 5 пожарникари интервенираше на спасување на возачот од автомобил кој беше излетан во провалија.
Едно лице се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила попладнево во струмичко кога автомобил падна во провалија, објави порталот Струмица денес.
Несреќата се сличила во 17.57 часот на патот Струмица – Цареви Кули во близина на месноста викана Двата пата. Противпожарната единица од Струмица со техничко возило и 5 пожарникари интервенираше на спасување на возачот од автомобил кој беше излетан во провалија.
Од порталот информираат дека возачот e извлечен со алпинистички јажиња и носила и бил предаден на екипа на Брзата помош.