АВТОМАГИСТРАЛАТА „СТРУМА“ ИМАЛА НЕДОСТАТОЦИ Комитова вели на кобната делница требало да се вози со 90 км/ч

Министерката посочува дека брзината во оваа делница требало да биде 90 километри на час, и не е познато зошто во 2013 година брзината е зголемена на 120 километри на час.

406

Министерката за регионален развој Виолета Комитова денеска ги соопшти резултатите од увидот на патот Драгичево-Долна Дикања каде се случи тешката автобуска несреќа во која загинаа 45 лица.

Според неа проектот на оваа делница не бил ни за магистрала, ни за автопат.






– Историјата на овој пат започнува во 2002 година со одобрен технички проект и градежна дозвола. Првично се работеше за рехабилитација на патот Е79. Во 2006 година има дополнителна дозвола за изградба на патни клучки. ACT 15 е издаден во 2007 година и има ограничување на брзината од 90 км/ч. Тогаш не се знае зошто во 2013 година брзината е зголемена на 120 километри на час. Патот до денес нема АКТ 16, бидејќи не се завршени постапките за експропријација – појасни министерката Комитова.

Таа посочува дека брзината во оваа делница требало да биде 90 километри на час, и не е познато зошто во 2013 година брзината е зголемена на 120 километри на час.

– Овој проект не е ниту за магистрала, ниту за автопат – додава регионалниот заменик министер Иван Шишков.

Според архитектот Владо Калинов, при промена на ограничувањето, сменети се само ознаките и патната сигнализација, но кривините не се за возење со таква брзина.

– Она што не загрижува е што и во самиот проект попречните свртувања на коловозот се нешто над 4%, што значи дека брзината треба да биде 90 км/ч. При поголеми брзини возилата скршнуваат налево, а во случај на незгода, автобусот тргнал десно, што е предуслов да се претпостави дека се движел со мала брзина – изјави архитектот Владо Калинов.

Тие се децидни дека брзината не е причина за несреќата.

Министерката Комитова вели дека недостатоците во знаците и заштитната ограда, како и брзината, не се причина за пожарот во автобусот каде загинаа 45 лица.

– Патот има долга историја. За жал жртвите не можеме да ги вратиме. Ова е невообичаена катастрофа. По магистралите сме виделе многу катастрофи, превртени камиони итн., но овде имаме пожар кој според мене е прва причина за толку загинати, кој не знаеме како настанал – кажа Комитова.

Тие предложија краткорочни и долгорочни мерки до тамошното Министерство за внатрешни работи.

– Имаме 11 институции за безбедност на патиштата. Не е ова оправдување. Ние се фокусиравме на делот кој ние можеме да го направиме, тоа е да се заврши маркирањето, да се поправи заштитната ограда и да ја намалиме брзината на патот од 120 на 90 километри на час – додаде Комитова.

Поврзани содржини