АВТОБУСИТЕ УТРЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД Исклучок се неколку линии
Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-20 часот, при што од 19-19.30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19.45 часот е последното возење од врвот надолу.
ЈСП Скопје ги известува патниците дека по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), утре (28 август) ќе се работи по неделен возен ред.
Исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред.
На ден 28.08.2024 година (среда), дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар, Ѓорче Петров и на Зелен пазар.
Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-20 часот, при што од 19-19.30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19.45 часот е последното возење од врвот надолу.