АВТОБУСИТЕ ОСТАНУВААТ КАЈ „МАВРОВКА“ Приватниците влегоа на седницата на Советот на Град Скопје

Сите фактури кон приватните превозници се исплатени, изјави денеска директорот на ЈСП Скопје, Александар Стојковски, повикувајќи ги незадоволните приватни превозници да тужат ако сметаат дека се обесправени.

201

Во овој момент влегуваме во Град Скопје, а нашите автобуси остануваат паркирани кај крстосницата во близина на „Мавровка“, изјави за МКД.мк директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски, пред почетокот на седницата на Советот на Град Скопје.

Јовановски додаде дека сѐ уште не знае дали денеска ќе има решение за проблемот и дека засега нема никакво ветување за решавање на нивното барање – исплата на парите што им ги должи Градот, односно ЈСП.






Приватните превозници вклучени во Јавниот линиски превоз денеска од 7 часот со повеќе од 30 автобуси протестираат со целосно блокирање во сите правци на крстосницата кај „Мавровка”, односно булеварот Гоце Делчев и булеварот Крсте Петков Мисирков. Од  приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз” велат дека не е утврдено времетраењето на протестот бидејќи се планира да трае до исполнување на барањата.

Сите фактури кон приватните превозници се исплатени, изјави денеска директорот на ЈСП Скопје, Александар Стојковски, на продолжението на 19-та седница на Советот на Град Скопје посветена на советнички прашања, во однос на проблемите со приватните автобуски превозници.

– Во период од моето доаѓање, па до овој ден, сите нивни фактури од моја страна се исплатени. Долгот кој ЈСП го има кон приватните превозници е нивно тековно побарување. Ако сметаат дека се пробиени роковите, нека поднесат тужба – рече Стојковски.

Според него, договорите со приватните превозници остануваат исти, како што биле и досега.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на истата седница најави дека ќе има нов јавен повик за приватните автобуски превозници, со цел, како што рече, тие што сакаат да работат да можат чесно да заработуваат.

Поврзани содржини