Автобусите на ЈСП нема да возат од денес до понеделник
Времениот прекин е согласно одлуката на Влада на РСМ за забрана на движење на населението во посочениот период на територија на Скопје – велат од јавното претпријатие.
Јавниот превоз во Скопје нема да функционира од денеска, четврток (4.06.2020 год) од 21 часот до понеделник (8.06.2020 год) до 5 часот.
– Времениот прекин е согласно одлуката на Влада на РСМ за забрана на движење на населението во посочениот период на територија на Скопје – велат од јавното претпријатие.
Денеска јавниот превоз ќе функционира до 21 часот. Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.