Автобусите ќе возат со капацитет од 75 отсто
Ограничувањето на бројот на патници на 50 отсто е воведено поради ковид пандемијата.
Владата ја прифати согласноста на Комисијата за заразни болести по барањето на група општински и меѓуопштински превозници да се зголеми дозволениот број патници од 50 на 75 отсто во превозните средства.
Оваа одлука е донесена на денешната редовна 47. седница.
Ограничувањето на бројот на патници е воведено поради ковид пандемијата.