АВТОБУС УДРИЛ ВО КАМИОН ЗА ДРВА Во сообраќајна несреќа во Бугарија повредени 29 патници од Косово

Според косовските медиуми, несреќата се случила околу 4.30 часот, кога патнички автобус од Косово удрил во запрен камион кој превезувал дрва.

377

Во сообраќајна несреќа во Бугарија повредени се 29 патници од Косово, од кои шест деца, кога автобусот во кој биле се судрил со камион во градот Ќустендил.

Според косовските медиуми, несреќата се случила околу 4.30 часот, кога патнички автобус од Косово удрил во запрен камион кој превезувал дрва.






Возачот на камионот наводно се обидел да им укаже на другите во сообраќајот дека паднало дрво на коловозот. Автобусот удрил во камионот и излетал од патот.

Возачот на автобусот се здобил со полесни повреди и е пренесен во локалната болница.

Истрагата на самото место ја спроведе полицијата, а поради сообраќајна незгода е поведена постапка и за истата е известен обвинител.

Поврзани содржини