📽(ОБНОВЕНО) ТРИ ЖЕНИ СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО НЕЗГОДАТА КАЈ ТЦ МАВРОВКА Автобус се заби во жардиниера

Засега не е познато како дошло до несреќата и дали во моментот на ударот имало патници во возилото.

1,854

Три жени се повредени денеска во сообраќајната несреќа, која се случи кај ТЦ „Мавровка“, откако автобус излета од коловозот  и се заби во жардиниера.

Од Итната медицинска помош за МИА потврдија дека се повредени три жени, од кои едната се пожалила на болки во колкот, а другите две се здобиле со полесни повреди. Сите три со возило на Брза помош се пренесени во Клиниката „Свети Наум Охридски“.






На местото на сообраќајката е излезена полицијата, која врши увид, а повеќе детали најавуваат за подоцна.

Засега не е познато како дошло до несреќата и дали во моментот на ударот имало патници во возилото.

 

Поврзани содржини