АВТОБУС ОД БОСНА СЕ ПРЕВРТЕ ВО ХРВАТСКА Има мртви и повредени

282

Страшна несреќа се случила ноќеска околу 3 часот по полноќ во Хрватска, откако автобус од БиХ се превртел на патот. Несреќата се случила на автопатот помеѓу Криж и Поповача.

Според последните информации, најмалку две лица загинаа, а 31 се повредени.






Хрватските медиуми објавуваат дека повредените се префрлени во болниците во Сисак, Загреб и во Пакрац.

Сообраќајот во овој дел е во прекин, а според информациите, колоната на возила е долга неколку километри.

Поврзани содржини