Автобус изгоре под Железничката станица во Скопје

709

Приватен автобус за јавен превоз се запали изутринава на автобуското стојалиште под Железничката станица во Скопје.

Автобусот го гасат десеттина пожарникари со две возила. Командирот на пожарникарската чета Борче Менковски за МИА изјави дека автобусот се запалил додека бил паркиран на стојалиштето и во него немало патници.






Нема повредени лица. Според првичните сознанија, причината за запалувањето најверојатно е проблем со електриката на автобусот.

Aвтобусот што изутрината се запали на терминалот Транспортен центар е приватен автобус, сопственост на „Слобода превоз“, кој сообраќал на линија 45, соопшти ЈСП Скопје.

Увид направила и Внатрешна контрола на ЈСП. Според изјавата на возачот, неколку минути пред 8 часот, тој се подготвувал да се вклучи на линија. Го запалил возилото, по што забележал чадење. Со противпожарен апарат се обидел да го изгаси огинот, но, тој за брзо време почнал да се шири.

Поврзани содржини