АВСТРИЈА ОДИ ВО ЦЕЛОСЕН КАРАНТИН Задолжителната вакцинација ќе започне на 1 февруари

Австрија е првата земја во Европската Унија која воведе целосно затворање оваа есен.

848

Австрија даде зелено светло за воведување целосен карантин кој би траел најмалку 10 дена со опција да биде продолжен, а ќе воведе и полициски час и задолжителна вакцинација.

Како што пренесува Дојче веле, мерките ќе стартуваат од понеделник, а карантинот ќе се однесува сите граѓани, без разлика на вакциналниот статус или прележан ковид-19.






– Имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата и стапката на зараза, се согласивме дека нема друг начин освен да се воведат рестриктивни мерки за сите. Едноставно, не сакаме петти бран – изјавил австрискиот канцелар Александар Шаленберг.

Австрија е првата земја во Европската Унија која воведе целосно затворање оваа есен.

Националниот карантин значи дека Австријците ќе работат од дома, ќе бидат отворени само продавници со потребните намирници, а ќе работат само училишта за деца кои треба наставата да ја следат во живо.

Шаленберг вели дека овие правила автоматски ќе завршат на 13 декември, а оттогаш „повеќе нема да важат за оние кои биле вакцинирани и оздравени од коронавирусот“.

Европскиот регионален директор на Светската здравствена организација, Ханс Клуге, предупреди дека ни претстои тешка зима.

За тоа ја обвини недоволната покриеност со вакцинација, заедно со „олабавувањето на превентивните мерки и ширењето на преносливата варијанта Делта“.

Австрија не е единствената европска земја која воведе мерки против невакцинираните.

Слично постапија Словачка, Чешка, Грција и Германија…

Поврзани содржини