Австрија ги крена рампите за македонските туристи
Покрај Македонија на списокот безбедни земји се додадени САД, Србија, Албанија, Хонг Конг, Јапонија, Макао, Саудиска Арабија, Тајван, Тајланд и Виетнам.
Австрија ја вклучи Македонија во безбедните земји во врска со пандемијата на коронавирусот, што ќе им овозможи полесно патување на македонските граѓани во таа земја.
Од утре, кога стапува на сила новата регулатива на австриското Министерство за здравство, граѓаните на Македонија ќе можат да патуваат во Австрија.
Покрај Македонија на списокот безбедни земји се додадени САД, Србија, Албанија, Хонг Конг, Јапонија, Макао, Саудиска Арабија, Тајван, Тајланд и Виетнам.
Граѓаните од овие земји ќе можат да влезат во Австрија со потврда за вакцинација или негативен тест, односно лекарско уверение за инфекција со ковид-19.
Австрија на тој начин ја спроведува одлуката на амбасадорите на ЕУ од минатата недела.
Од воведувањето на ограничувачки мерки, влезот на македонските граѓани за туристички цели е спречен на границите во Австрија.
Само оние кои имаат дозволи за престој или посебни причини можеа да влезат во земјата, најпрво само со негативен PCR-тест и задолжителен десетдневен карантин, а од скоро без карантин доколку се вакцинираат.