АВСТРАЛИЈАНКА ПРЕГАЗЕНА ВО ОХРИД Со тешки повреди е пренесена во болница

Жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

615

65-годишна жена од Австралија со престој во Охрид е тешко повредена откако била прегазена од автомобил на улицата Абас Емин во Охрид, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Несреќата се случила во средата околу 14:30 часот, кога патничко возило марка „Фолксваген Голф“ со охридски таблички, управувано од 49-годишниот И.В. од селото Долно Лакочереј, ја удрило пешакот Л.Ш. (65) од Австралија.






Жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

На местото на несреќата бил извршен увид од страна на полициска екипа од СВР Охрид, а причините за несреќата се предмет на истрага.

Поврзани содржини