Австралијанец освои 4,8 милиони австралиски долари на лотарија.Тој решил да остане анонимен, но како што пренесуваат австралиските медиуми среќниот добитник поради пандемијата останал без работа.
– Неодамна ја изгубив работата поради ковид-19, а ова е големо олеснување. Бев под голем стрес, а сега сум пресреќен. Тоа ни дава финансиска поддршка. Можностите се неограничени. Прекрасно чувство, не можам да бидам посреќен. Мојата сопруга веќе планира да купиме нов автомобил и куќа, каква што замислуваваме – вели добитникот.