Ѓаволскиот круг на негаторските рамковни позиции

Вклучувањето на едно невидливо малцинство (бугарското) во македонскиот Устав како државотворно, значи релативизирање на државотворната улога и статус на мнозинскиот народ (македонскиот).

1,149

Потсетник:

– Ако една држава покажува историски, културни и јазични аспирации спрема историското, културното и јазичното наследство на друга држава, тоа значи дека таа има територијални аспирации;






– Културно-историските аспирации се другото лице на територијалните аспирации;

– Негацијата на идентитетот на едно културно-историско наследство е, де факто, негација на националниот идентитет;

– Негацијата на националниот идентитет е негација на правото на државотворност и сувереност;

– Вклучувањето на едно невидливо малцинство (бугарското) во македонскиот Устав како државотворно, значи релативизирање на државотворната улога и статус на мнозинскиот народ (македонскиот);

– Невклучувањето на многубројното македонско малцинство во бугарскиот Устав не само што не е цивилизиран потег, туку е потврда на еден константен политички и културен хегемонизам;

– Не може меѓународно нелегитимни и културоцидни критериуми да бидат предуслов за добивање државјанство. Етничкото потекло е само еден можен, но не и единствен, ниту пресуден чинител за добивање нечие државјанство. Етничката припадност е прашање на лична, колективна и суверена волја, свест и традиција, а не последица на административни притисоци. Но, и таквите административни притисоци се показател за еден опсесивен сон…;

– Националистичките платформи и негаторските рамковни позиции се облик на политички колонијализам. Тие се ѓаволски круг од којшто може да се излезе само со соодветна терапија, а не со продлабочување на патолошката состојба.

(Фејсбук статус на авторот, насловот е редакциски)

Поврзани содржини