ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ Скопје денеска доби донација „УВ Гард“ за дезинфекција на површини и воздух од вируси и бактерии – изум од македонските иноватори Ивица Поцков и Никола Глигоров, информира болницата.
– Од здравствените работници и вработените во болницата кои во овие моменти го даваат својот максимум во справување и лекувањето на пациентите од ковид–19, изразуваат голема благодарност до македонските иноватории кои го донираа својот изум на болницата – велат од ГОБ „8 септември“.