АВМУ ГО ОСУДИ ГОВОРОТ НА ОМРАЗА НА ПРОТЕСТИТЕ Вербалните навреди врз новинарите е атак врз слободата на медиумите

На протестите организирани против новите мерки на владата за намалување на ширењето на коронавирусот, дел од протестантите упатуваа навредливи зборови кон новинарите.

198

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска испрати реакција во врска со неделниот протест поттикнат од новите мерки против коронавирусот .

АВМУ ги осуди навредите и вулгарните пораки кои беа упатени кон новинарите на протестот и потенцира дека ваквиот однос е директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана.






„Ги осудуваме сите форми на омаловажување и вербални навреди врз новинарите и апелираме да се почитува достоинството на новинарската професија, како и личното достоинство на медиумските професионалци. Потенцираме дека обезбедувањето услови за непречено работење на медиумските работници е неопходен предуслов за слободата на информирање“, наведува АВМУ.

Поврзани содржини