АВИОНОТ БИЛ ОД МАРКАТА „ПАЈПЕР“, ВО НЕГО ИМАЛО ДВАЈЦА КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИ Детали од ЦУК за несреќата во Мавровското Езеро

Мал авион од марката „пајпер“ денеска падна во Мавровско Езеро. Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека во него биле двајца косовски државјани од кои едниот е повреден.

233

„Мал авион се урна во Мавровското Езеро. Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено. Инцидентот бил пријавен на број 112, а информацијата веднаш е проследена од страна на Центарот за управување со кризи до СВР Тетово, Итната медицинска помош и Регионалниот центар за управување со кризи за итна интервенција“, соопшти директорот на ЦУК, Мухамед Али.

Авионот е регистириран за четири лица.






МАЛ АВИОН СЕ УРНА ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО Едно лице е повредено

 

Поврзани содржини