АВИОН ВЛЕТА ВО ТУРБУЛЕНЦИИ НАД ХАВАИ Повредени се 30 патници, од кои 11 потешко (ВИДЕО)

Локалните власти информираа дека некои од нив се здобиле со тешки повреди на главата, набиеници, исекотини и губење на свеста.

1,306

Повеќе од 30 лица се повредени, од кои 11 потешко, кога авион кој летал за Хаваи, влегол во големи турбуленции.

„Авионот со 278 патници и 10 членови на екипажот бил на само 30 минути од слетувањето кога влегол во зона на турбулентен воздушен сообраќај но безбедно слетал во Хонолулу во 10.50 часот“, се вели во соопштението на „Хаваи Ерлајнс“ објавено на Твитер.






Според локалните медиуми, итните служби интервенирале кај 36 пациенти со различни повреди, од кои 11 се префрлени во локалните болници во тешка состојба. Дваесет лица се во болница, а состојбата на 11 е тешка. Најмладото повредено е 14-месечно бебе. Меѓу повредените има и тројца членови на екипажот.

Локалните власти информираа дека некои од нив се здобиле со тешки повреди на главата, набиеници, исекотини и губење на свеста.

Поврзани содржини