АВГАНИСТАНЦИТЕ ДОАЃААТ Првата група пристига вечерва на аеродромот во Скопје

Не се знае точната бројка на луѓе кои ќе пристигнат вечерва. Неопфицијално ќе пристигнат 149 лица.

616

На Меѓународниот Аеродром Скопје вечерва ќе пристигне првата група граѓани од Авганистан, соопшти Владата.

Според соопштеното тие ќе пристигнат по 20 часот. Не се знае точната бројка на луѓе кои ќе пристигнат вечерва. Неофицијално ќе пристигнат 149 лица.






Според информациите од Владата вечерва се очекува да пристигнат вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација Отворено владино партнерство (Open Government Partnership – OGP) каде што С Македонија е официјално членка, како и вработени и соработници на Transparency International, Wold Economic Forum и други меѓународни организации.

– Станува збор за граѓани кои беа животно загрозени од талибанските структури и на кои им помагаме да си го спасат животот. Тоа се граѓани кои 20 години работеа за демократските институции, мисии и меѓународни организации во Авганистан – велат од Владата.

На скопскиот аеродром ќе бидат прифатени од МНР, МВР, Црвениот Крст, Министерството за здравство и меѓународните организации, а ќе бидат сместени во хотели и мотели, како што беше претходно најавено.

Владата претходно информира дека во земјава е одобрено доаѓањето на 780 лица.Но, бројката на авганистански цивили, според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, флуктуира поради состојбата во Кабул.

-Имаше потврда за околу 780 лица, но заради случувањата кои се во Кабул и неможноста да тргнат луѓето од таму и да се заврши оваа мисија таа бројка постојано флуктуира. И МВР и Агенцијата за национална  безбедност и Агенцијата за  разузнавање ги преземаат сите мерки од безбедносен аспект и граѓаните можат да бидат спокојни, бидејќи немаме никаков основ за нарушување на безбедноста во делот на оваа оперативна акција. Од друга страна и Министерството за здравство ги презема сите свои активности и надлежности кои произлегуваат од заштита на здравјето на населението посебно сега во услови на корона вирусот. Ќе се понуди соодветна здравствена нега и вакцинација за тие кои не се вакцинирани – рече Спасовски.

Тој прецизира дека лицата кои ќе дојдат во земјава ќе бидат сместени во хотели и мотели, како што беше претходно најавено.

 

 

Поврзани содржини