АУТИЗМОТ Ѝ Е НАЈГОЛЕМИОТ ПРЕДИЗВИК За неполни 3 години скопјанката Елена станала и сопруга и мајка и вдовица

„Нашиот живот почна како бајка, но траеше неполни 3 години. Во тој период се запознавме, се земавме, станавме родители и сопругот ми почина. И како тоа да не е доволно, после вакцината што ја примија нашите близнаци на година и 7 месеци, едниот од нив доби аутизам“, вели нашата соговорничка Елена Јакимовска Павлеска

3,640

Четириесетгодишната Елена Јакимовска Павлеска е самохрана мајка на осумгодишни близнаци, од кои едниот е дете со аутизам. Откако се запознавме, се потврди мојот впечаток кој го стекнав за време на нашите телефонски разговори, дека станува збор за исклучително енергична млада жена врз чии плеќи има многу проблеми. Освен со дијагнозата на едниот близнак, таа веќе година ипол се бори и со дијагнозата на нејзината мајка, инаку, нејзина најголема потпора во животот, која боледува од канцер на белите дробови.

Нејзината мајка ја родила Елена многу млада, на свои 19 години, додека пак Елена дури на неполни 32 го запознала човекот со кој вели дека се разбирале и без зборови и со кој се зеле многу брзо. Човек со кој се чувствувала како во бајка, но за жал оваа бајка траела многу кратко и за неполни три години Елена станала и сопруга и мајка и вдовица.






„Ја започнавме врската на почетокот од 2012 година, се земавме на 4 август истата година, во октомври 2013. година ни се родија близнаците Ведран и Огнен, а веќе во февруари 2014. година мојот сопруг почина и јас станав вдовица. Со оглед на тоа што дотогаш беше како во бајка, а сопругот ме држеше, што се вели, на дланката, кога сфатив дека ќе останам без него, ми се измести земјата под нозете. Сè беше шокантно и се одвиваше многу брзо, но последниот месец кога состојбата му се влоши веќе знаев дека ќе дојде до тоа. Кога ќе погледнете во нечии очи и ќе видите дека тие веќе го немаат оној сјај, знаете дека е готово и доаѓате до дното. Потоа имате можност да продолжите или да паднете во бездната.

Да не беше тогаш мојата мајка, јас немаше да испливам. Таа ме посоветува да одам на психијатар и да побарам помош, да се соочам со смртта на мојот сопруг. Ги гледав двете деца и се прашував, ќе се убиваме или ќе живееме?

Немав друг избор освен да водам борба. Да не беа мајка ми и семејството, немаше да успеам“, раскажува Елена.

Но како тоа да не било доволно, откако двете деца кога имале 1 година и 7 месеци примиле една од редовните вакцини за таа возраст, веќе ништо не било исто.

Целиот текст прочитајте го на порталот „МАЈКА И ДЕТЕ“.

Поврзани содржини