„АУДИ А6“ НЕМА САМО МЕРКО Со какви автомобили располагаат општините во земјава?
Во Регистарот на Државната антикорупциска комисија нема податоци и за општините Сарај, Гостивар, Кичево, Чаир, Шуто Оризари, Охрид, Дебар, Радовиш, Зрновци, Чаир итн.
Од луксуз – до скромност. Различни видови на возила, автомобили, камиони, комбиња, автобуси се заведени во Регистарот на возила што е објавен од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата.
„Порталб“ повикувајќи се на официјалните податоци од овој регистар објавува детали за возниот парк на поатрактивните општини во земјава.
Интересно е дека во регистарот нема податоци за возниот парк на повеќе општини, меѓу нив и на општина Струга, иако самиот градоначалник и кандидат за нов мандат, Рамиз Мерко соопшти дека општината во 2019 година купила нов луксузен автомобил марка „ауди А6“ во износ од 67 000 евра.
Во Регистарот нема податоци и за општините Сарај, Гостивар, Кичево, Чаир, Шуто Оризари, Охрид, Дебар, Радовиш, Зрновци, Чаир итн. За овие општини има податоци за тоа со какви возила располагаат подрачните единици на локалната власт, јавните претпријатија на локално ниво – но не и податоци за возилата кои се на самата општина.
Еве со каков вид на возила располагаат дел од општините:
Општина Арачиново располага со 12 возила – најновото е купено во 2018 година, се работи за транспортно возило – комбе. Општина располага со уште неколку вакви возила за транспорт, а како дел од возниот парк се четири „ауди А6“ од 1997 година и две BMW од 2003 година.
Општина Битола како дел од својот возен парк има еден автобус, најстарото возило е набавено во 1999 година а најновото е од 2016 година марка „дачија – сандеро“, од категоријата на авотомобили познати како џип. Битола располага со вкупно 11 возила.
Општина Тетово, која исто така како и Битола и Арачиново ќе добијат градоначалник во вториот изборен круг, располага со седум возила – најстарото е од 1995 година а најновите се купени во 2007 година – „лада нива“ и „фиат пунто“.
Општина Штип во регистарот пријавила дека поседува девет возила – најновото „Џон Вејн“ е купено во 2016 година, а најстариот е од 1995 година. Општината располага и со автобус „јутонг“. Оваа општина доби нов градоначалник во првиот круг од изборите.
Општина Ѓорче Петров, која доби градоначалник во првиот изборен круг, располага со 13 возила – а како дел од возниот парк се и познати брендови од висока класа – „ауди А6“ од 2005 година и „ауди А4“ од 2004 година. Пријавени се две теренски возила – „лада нива“ без наведена година. Општината располага и со „југо“ и две возила марка „цитроен берлинго“ од 2010 година. Дел од возниот парк се два „мерцедеси“ од 1993 година и од 2004 година.
Со еден од „најбогатите“ возни паркови располага општина Карпош – 33 возила, автомобили, камиони, џипови. Така, во 2019 година општината набавува три камиони DFSK тип C 31, како дел од возниот парк се и две „ауди А4“ од 2009 година, шест товарни возила, два џипа „ланд ровер фрилендер“, како и 20 тина автомобили од повеќе други брендови.
Општина Струмица, која доби градоначалник во првиот круг, пријавила 12 возила – најновото е од 2018 година, „шкода октавиа“ а најстарите се камиони од 1975 и 1976 година. Дел од возниот парк се и автомобили марка „голф 5“ 2008 година, „мазда“ од 2001 година и уште неколку други автомобили.
Скопската општина Аеродром пријавила десет возила – најновите, две товарни возила „ивеко“ се набавени во 2014 година, три комбиња од марката „пежо“, три „лади“ како и автомобили „форд фокус“ 2006 година и „пежо 307“ од 2005 година. Ова општина доби градоначалник уште во првиот круг од изборите.
Општина Прилеп, која доби градоначалник во првиот круг, пријавила шест возила – најстарото е од 2008 година а четири под брендот „шкода рапид“ и едно „шкода октавија“ биле купени во 2013 година.
Општина Центар, кој ќе добие градоначалник во вториот круг, во Регистарот на ДКСК пријавила пет возила – најновото е од 2015 година „ивеко“, останатите под брендот „шевролет спарк“ се од 2011 година.
Општина Берово пријавила 13 возила – меѓу нив и теренски и противпожарни возила, шест на број. Дел од возниот парк се и автобуси како и неколку патнички возила – автомобили.
Општина Кочани располага со 23 возила – меѓу нив седум за противпожарни активности и вршење на комунални потреби. Оваа општина има десеттина автомобили, два електрични скутер-мотори и уште неколку други скутер – мотори, автобуси, теренски возила.
Општина Велес, која доби градоначалник во првиот изборен круг, во регистарот пријавила 15 возила – од нив осум се за комунални потреби и противпожарна единица. Најновите автомобили се од 2016 година – бренд „skoda qitigo“.
Општина Дојран располага со три автомобили, Пробиштип со пет, Ново Село со четири автомобили, општина Росоман има два автомобили, Богданци има четири а Боговиње два автомобили, општина Босилово располага со седум а Брвеница со три автомобили.