АТРАКЦИЈА КОЈA ЌЕ ВЕ ОСТАВИ БЕЗ ЗДИВ Подводна шума која привлекува посетители на Кипар (ФОТО+ВИДЕО)
Некои од дрвените форми лебдат веднаш под површината, создавајќи соодветна подлога за морскиот живот на сите нивоа.
Новиот подводен парк за скулптури Мусан веќе привлекува голем број посетители на Кипар.
Подводната шума на Џејсон де Сиарес Тејлор се наоѓа во заштитена морска област на 200 метри од плажата и на околу 10 метри под вода.
Мусан, кој се наоѓа во близина на Аја Напа, вклучува фигури расфрлани меѓу дрвјата, со што се прикажува односот помеѓу човекот и природата.
View this post on Instagram
93-те уметнички дела, особено оние што претставуваат дрвја, се дизајнирани да привлечат морски животи и да растат органски.
Некои од дрвените форми лебдат веднаш под површината, создавајќи соодветна подлога за морскиот живот на сите нивоа.
Работата на Џејсон де Кирес Тејлор е дел од еко-уметничко движење во кое делата комуницираат со нивната околина на непредвидлив начин. На крајот на краиштата, работата на природата ќе ја измести работата на уметникот, така ќе обезбеди храна и засолниште за разни суштества, вели една од тезите на движењето.
View this post on Instagram
Морскиот живот е сериозно исцрпен во Средоземното Море во текот на последните 20 години, па поради тоа паркот има за цел да ја истакне потребата да се обнови.
Музејот се наоѓа во заштитена морска област на околу 200 метри од плажата Пернера и се наоѓа во водата на длабочина помеѓу 8 и 10 метри, така што е достапен дури и за нуркање.
View this post on Instagram
Инсталацијата е дизајнирана да личи на патека што се витка низ густа подводна шума.
Шумата е направена од инертни материјали со неутрална „pH“ вредност и има за цел да репродуцира копнена шума, станувајќи фокусна точка за биодиверзитетот во областа.
Хибридни дрвја со тежина од 13 тони се поставени во морето.