АТЕНТАТ ВРЗ РУСКИ ГЕНЕРАЛ ВО ЗГРАДА ВО МОСКВА Алексеев седеше на маса со Пригожин за време на бунтот на Вагнер

Генералот Алексеев, застрелан во станбена зграда во Москва, беше меѓу високите функционери испратени да преговараат со Евгениј Пригожин за време на краткотрајниот бунт на Вагнер во јуни 2023 година. Алексеев е и под санкции на САД, поради наводна вмешаност во напори за мешање во претседателските избори во 2020 година.

512

Рускиот генерал-полковник Владимир Алексеев беше застрелан во Москва и итно префрлен во болница, јавија државните руски медиуми, повикувајќи се на истражители, пренесе Ројтерс.

Нападот се случил во станбена зграда во северозападниот дел на Москва, каде непознато лице испукало неколку куршуми кон високиот воен функционер и потоа побегнало.






Ранетиот генерал бил префрлен во една од градските болници. Официјални информации за неговата здравствена состојба сè уште нема, објавија руските медиуми.

Преговори со Пригожин и улогата во ГРУ

Алексеев е заменик-началник на Главната дирекција на Генералштабот на Министерството за одбрана, односно заменик-директор на руската воена разузнавачка агенција ГРУ. Тој важи за клучна фигура задолжена за надзор на приватните воени компании во Русија.

Генералот беше меѓу високите функционери испратени да преговараат со Евгениј Пригожин за време на краткотрајниот бунт на Вагнер во јуни 2023 година.

Алексеев е и под санкции на САД, поради наводна вмешаност во напори за мешање во претседателските избори во 2020 година.

Истрагата е во тек

Истражниот комитет соопшти дека е отворена кривична постапка за обид за убиство и за нелегално поседување огнено оружје. На местото на пукањето работат истражители и криминалисти, ги анализираат снимките од надзорните камери и ги испрашуваат сведоците, додека потрагата по напаѓачот, или по повеќе лица, е во тек.

Напади врз руски воени функционери

Од почетокот на војната во Украина, неколку високи руски воени функционери беа убиени или нападнати. Москва во повеќе наврати го обвини Киев за овие акции, додека украинската страна редовно не ги коментира ваквите обвинувања.

Поврзани содржини