АСТРА ЗЕНЕКА СО НАЈМНОГУ, ФАЈЗЕР СО НАЈМАЛКУ НУСПОЈАВИ Анализа на 10 милиони вакцинирани Австријци открива нови детали

Од 10 милиони вакцинирани Австријци, имало само 177 смртни случаи по вакцинацијата, иако само за два од случаи е докажана поврзаноста меѓу вакцината и смртта. Во над половина од случаите, или 53 отсто, несаканите нуспојави биле полесни: црвенило околу местото на инјектирање, главоболка или замор.

1,252

Меѓу Австријците вакцинирани против ковид-19, најчести несакани ефекти се појавиле по вакцинацијата со АстраЗенека, а најмалку од Бионтек/Фајзер, покажува извештајот на државната канцеларија за здравствена безбедност (БАСГ) кој денеска е објавен. Во скоро половина од случаите, или 53 проценти, несаканите ефекти биле од полесен тип: црвенило околу местото на инјектирање, главоболка или замор.

Несакани ефекти на AстраЗенека се регистрирани во 12,3 отсто од вакцинираните случаи, а кај Фајзер/БионТек во 2,27 проценти од случаите. Несакани реакции имало и кај вакцината на Модерна, во 3,49 случаи и 5,55 отсто кај Џонсон и Џонсон.






Извештајот за несаканите ефекти се темели на 10,7 милиони вакцинирани од крајот на декември 2020 година до крајот на септември оваа година.

БАСГ посочува дека ова не се сериозни несакани ефекти.

„Пријавените несакани ефекти одговараат и по интензитет и по фреквенцијата со податоците од студиите на индивидуалните производители доставени пред лиценцирањето“, се наведува во соопштението на државната канцеларија за здравствена безбедност.

Властите, исто така, соопштија и за 177 смртни случаи по вакцинацијата, од кои само во два се утврди врска меѓу смртта и вакцинацијата.

Кај четворица од починатите со обдукција е исклучена врската меѓу смртта и вакцинацијата, а 20 од починатите биле вакцинирани за време на 14-дневната инкубација со коронавирусот од кој подоцна починале, додека во 34 случаи станувало збор за пациенти со тешки болести што претходеле на вакцинацијата.

Кај 117 починати сè уште не е утврдена точната причина за смртта, се наведува во извештајот.

Поврзани содржини