АСОЦИЈАЦИЈАТА ХЕРА НЕ ГИ ФИНАНСИРАЛА СЕКС-СКАУТИТЕ Им делела само брошури и материјали за превенција од ХИВ
Наводите за финансиска поддршка од ХЕРА се неточни. Единствената поддршка што Првиот скопски извиднички одред ја има побарано и добиено од ХЕРА е во вид на промотивни материјали, реаграше асоцијацијата ХЕРА.
Единствената поддршка што Првиот скопски извиднички одред ја има добиено од нас е во вид на промотивни материјали, брошури и материјали за превенција од ХИВ, реагираше асоцијацијата ХЕРА на написот дека токму оваа асоцијација заедно со Град Скопје во 2019 година ги финансирала проектите на извидниците, објавен на Плусинфо.
„Наводите за финансиска поддршка од ХЕРА се неточни. Единствената поддршка што Првиот скопски извиднички одред ја има побарано и добиено од ХЕРА е во вид на промотивни материјали. Нашата цел е да ја подигнеме свеста за сексуалното и репродуктивното здравје, ХИВ и родово заснованото насилство заради што овие промотивни материјали отсекогаш биле достапни и бесплатни за секој поединец и организација преку сите наши сервиси. Промотивните материјали не се врзани со овој настан, туку им се даваат на сите организации, институции и поединци кои работат со млади лица“, се вели во реакцијата.
Таму е наведено дека ХЕРА нема никаков договор за програмска или за финансиска поддршка на Првиот скопски извиднички одред.
„Оваа информација можете да ја проверите и преку нашите годишни и финансиски ревизорски извештаи кои се јавно достапн на нашата веб-страница. Оттука, како организација не сносиме никаква одговорност за програмските активности во кои не сме вклучени“, наведено е во демантот.