🎥📷 АСАНЖ ПРЕЧЕКАН ВО АВСТРАЛИЈА СО ОВАЦИИ Џулијан ја бакна сопругата, па го прегрна татка си
Џулијан Асанж излезе од изнајмен приватен авион на аеродромот во Канбера нешто по 19.30 часот по локално време каде ги поздрави медиумите и поддржувачите, а потоа ја бакна сопругата Стела. Тој го прегрна својот татко пред да влезе во зградата на терминалот со неговиот адвокатски тим.
Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, денеска слета во Австралија каде го пречека толпа поддржувачи откако се изјасни за виновен за кршење на американските закони за шпионажа и беше ослободен по 14-годишна правна битка, објави Телеграф.
Асанж излезе од изнајмен приватен авион на аеродромот во Канбера нешто по 19.30 часот по локално време каде ги поздрави медиумите и поддржувачите, а потоа ја бакна сопругата Стела. Тој го прегрна својот татко пред да влезе во зградата на терминалот со неговиот адвокатски тим.
Одушевувањето на масата луѓе еруптираше во овации додека Асанж ги поздраавуваше поддржувачите и ја прегрна својата сопруга на асфалтот. Кога излегуваше од авионот, премиерот Ентони Албаниз, говорејќи од парламентот, го поздрави неговото враќање.
Емотивната Стела Асанж застана покрај таткото на Џулијан и само рече дека споделиле посебен „приватен момент“ кога повторно се собрале на австралиска територија. Семејството подоцна се упати заедно во хотелот „Ист“ во Кингстон.
Австралискиот премиер, Ентони Албаниз, кој со години се залага за ослободување на Асанж, изјави дека разговарал со него по телефон по слетувањето на авионот.
– Имав многу топол разговор со него оваа вечер, тој беше дарежлив во пофалбите за напорите на австралиската влада. Австралиската влада се бори за австралиските граѓани, тоа е она што го правиме – рече Албаниз на прес-конференција.
Додека американската влада го смета Асанж за непромислен бидејќи им се заканувал на нејзините агенти со објавување на нивните имиња, неговите поддржувачи го поздравуваат како јунак за промовирање на слободата на говорот и за разоткривање на воените злосторства.
Асанж се согласи да се изјасни за виновен по една точка од обвинението, според судските документи од Окружниот суд за Северните Маријански острови. Територијата на САД во Западен Пацифик е избрана поради противењето на Асанж да оди на копнената територија на САД и поради близината на територијата со Австралија, соопштија обвинителите.
Политичарите во Австралија, кои се залагаа за негово ослободување, изразија загриженост за признавањето на вината на американско тло, велејќи дека Асанж е новинар кој бил осуден зашто ја вршел својата работа.
Асанж помина повеќе од 5 години во еден од најстрогите затвори во Велика Британија и 7 години во амбасадата на Еквадор во Лондон додека се бореше против екстрадиција.
Додека беше во амбасадата, тој доби два сина со Стела, адвокатка која беше дел од неговиот правен тим. Тие се венчаа во 2022 година во затворот „Белмарск“ во Лондон.
Home. pic.twitter.com/OZAcXloxiP
— Stella Assange #FreeAssangeNOW (@Stella_Assange) June 26, 2024