Асанж ќе се жени во затвор, откри неговата вереничка

Најверојатно ќе се венчаме во затвор и ќе направиме уште една свадба со семејството и пријателите откако тој ќе биде на слобода, вели вереничката Стела Морис.

261

Партнерката на Џулијан Асанж, Стела Морис ја објави нивната венчавка во затворот Белмарш, во ексклузивно интервју за DPA во пресрет на 50-от роденден на основачот на Викиликс на 3 јули.

Асанж, австралиски новинар, помина повеќе од две години во силно чуваниот лондонски затвор Белмарш.






Врската со Морис започнала додека Асанж престојувал во еквадорската амбасада во Лондон, каде барал политички азил.

Двојката има два сина на возраст од четири и две и пол години.

– Ќе се венчаме во затвор затоа што сме верени од 2016 година – рече Морис, додавајќи дека околностите сè уште не им дозволуваат да прават понатамошни планови.

– И, ако се венчаме во затвор, не мислам дека тоа ќе биде единствената свадба. Најверојатно ќе се венчаме во затвор и ќе направиме уште една свадба со семејството и пријателите откако тој ќе биде на слобода –  додаде таа.

Сè уште не е одреден датумот, рече Морис, но ги минуваме потребните бирократски работи со надеж дека ќе се венчаме „наскоро“, објаснила таа.

– Тоа е доста комплицирано“ – рече таа, истакнувајќи дека пандемијата ги направила работите уште потешки.

– Разговаравме за тоа со службата во Белмарш, па тие ни рекоа дека немале свадба во Белмарш, откако биле таму, што значи 12 години. Значи, не е многу лесно –  рече Морис.

– Ќе биде прилично долг бирократски процес, но ние го започнавме – рече таа.

Поврзани содржини