ЈАС И СЛЕДНИОТ АЈАТОЛАХ МОЖЕМЕ ДА ГО КОНТРОЛИРАМЕ ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ Трамп очекува САД да постигнат договор со Иран

Во секој случај, Америка и целиот свет наскоро ќе бидат многу побезбедни. Можеме да постигнеме договор што е добар за сите нас, вклучувајќи ги сојузниците од Блискиот Исток и Израел, рече денеска американскиот претседател Доналд Трамп.

289

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска рече дека разговорите со Иран се „многу добри“ и дека Техеран сака да постигне договор. Зборувајќи во Флорида пред да полета со претседателскиот авион кон Тенеси, Трамп рече дека има „многу добри шанси за договор“ со Иран.

– Отстранивме сè што можеше да се одземе од Иран, вклучувајќи ги и нивните лидери – рече тој.






Додаде дека Иран има уште една шанса да ги прекине своите закани против САД и нивните сојузници.

– Во моментов имаме навистина добри разговори. Тие започнаа синоќа, а некои од нив и претходната ноќ. Мислам дека се многу добри. Тие сакаат мир. Се согласија да немаат нуклеарно оружје. Но, ќе видиме, мора да го завршиме тоа“, рече Трамп.

Тој рече дека се надева дека Иран ќе ја искори шамсата.

– Во секој случај, Америка и целиот свет наскоро ќе бидат многу побезбедни. Можеме да постигнеме договор што е добар за сите нас, вклучувајќи ги сојузниците од Блискиот Исток и Израел – рече Трамп.

Трамп, исто така, ги повтори претходните тврдења за уништување на воените капацитети на Иран, велејќи дека тоа е „систематско разбивање на способноста на режимот да ја загрозува Америка“.

И покрај негирањата на Иран, Трамп повторно рече дека САД и Иран преговараат.

– Даваме рок од пет дена, а потоа ќе видиме каде ќе нè однесе тоа … Мислам дека многу лесно би можело да излезе многу добар договор за сите — исто толку добар како кога би оделе до крај и буквално би го збришале местото – рече Трамп.

На новинарско прашање за Ормускиот Теснец рече дека наскоро би можел повторно да се отвори.

– Ќе биде отворен многу наскоро, ако ова функционира – рече претседателот.

На прашањето кој ќе го контролира теснецот и дали Иран сè уште ќе има влијание врз протокот на нафта, Трамп рече дека контролата може да биде заедничка.

На дополнителмо прашање кој конкретно би бил вклучен во тој надзор, Трамп одговори:

– Можеби јас. Можеби јас и ајатолахот, кој и да е ајатолахот, кој и да е следниот ајатолах.

Тој додаде дека таков договор би вклучувал „многу сериозна форма на промена на режимот“.

– Иранското раководство претрпе големи загуби. Сите во режимот се убиени – рече американскиот претседател Доналд Трамп.

Поврзани содржини