ЈАС И БЕНИ СМЕ ДРУГАРИ, ЌЕ МЕ ПОДДРЖИ ВО ВТОР КРУГ Шилегов не гледа конкуренција во Шаќири
Јас искрено ја почитувам сечија амбиција да направи исчекор во политиката во нашата држава. Исто така, јас сум убеден дека доколку има втор круг, Бени Шаќири ќе ме поддржи мене, рече скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Јас и Бени сме другари, сигурно ќе ме поддржи во втор круг, рече скопскиот градоначалник Петре Шилегов, коментирајќи ја одлуката на партиите ДОМ и ЛДП да го кандидираат рокерот Бени Шаќири за градоналалник на Град Скопје.
Шилегов истакна дека ја почитува амбицијата на Бени, но дека очекува да ја добие неговата поддршка во вториот круг.
– Со Бени сме другари, пријатели. Јас искрено ја почитувам сечија амбиција да направи исчекор во политиката во нашата држава. Исто така, јас сум убеден дека доколку има втор круг, Бени Шаќири ќе ме поддржи мене – рече Шилегов.
ЛДП и ДОМ вчера го промовираа Бени Шаќири за кандидат за градоначалник на Град Скопје од Движењето „Одлучно за промени“. Носител на советничката листа, пак, ќе биде познатиот микробиолог д-р Никола Пановски.
– Се работи за личности кои се исклучително ценети во својата професија, луѓе со авторитет, чесни и искрени, стари скопјани. Се работи за луѓе кои ќе работат во интерес на граѓаните, кои интересот на Скопје ќе го стават пред сè и над сè. Луѓе кои ќе обединуваат – рече лидерот на ЛДП, Горан Милевски.