ЈАС ДА БЕВ МЕРКО ЌЕ СИ ДАДЕВ ОСТАВКА Таравари ја поздрави одлуката на САД и очекува други да се најдат на црната листа.

Лидерот на Алијанса за Албанците очекува и други лица да се најдат на црната листа на САД.

571

Јас да бев на местото на Рамиз Мерко, вечерва веднаш би дал оставка и ќе оставам друго лице да раководи со општината“. Ова го изјави Арбен Таравари, лидерот на Алијанса за Албанците во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21, по одлуката на Американската амбасада во Скопје да го стави Мерко на црната листа на САД поради корупција.

– Треба да го стори тоа, да си поднесе оставка. Мора да се расчисти со ова. Од друга страна правосудните органи не реагираат и причина за тоа е што власта има инсталирано свои луѓе во правосудните органи. ДУИ 20 години владее со тие институции со свои луѓе. Ние како политичка партија секогаш сме гласни кога станува збор за корупцијата. Сме ги критикувале функционерите на ДУИ, најмногу Рамиз Мерко. Ја поздравуваме одлуката на САД и искрено очекуваме да има други личности на листата. Очекуваме Мерко да поднесе оставка, ако ништо друго од морални причини – потенцираше Таравари од студиото на ТВ21.






Таравари додаде дека очекува и други лица да се најдат на таа листа.

Поврзани содржини