Денес се одбележува 40 години од формирањето на Единицата за специјални задачи Тигар.
Во касарната Илинден, државниот врв предводен од претседателот на владата Зоран Заев положи свежо цвеќе пред споменикот изграден во чест на загинатите припадници на ЕСЗ Тигар.
Првиот вицепремиер Артан Груби не се поклони пред споменикот. Тој беше дел од делегацијата со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за здравство Венко Филипче кои оддадоа почит. и почожија свежо цвеќе.