Артан Груби нападнат пред Собранието, му го искршиле предното ветробранско стакло на владиниот „пасат“

3,186

Вицепремиерот Артан Груби, претпладнево бил нападнат пред Собранието, кога му била искршена шофершајбната на службениот автомобил кој тој го користи, потврдуваат од МВР за Плусинфо.

Инцидентот, како што велат од МВР, се случил околу 12 часот.






– Од страна на В.Ј. (38) години било скршено предното ветробранско стакло од ПМВ пасат, сопственост на Владата на РСМ. Полициски службеници го привеле лицето во Полициската станица, Центар. Се работи на расчистување на случајот – велат од МВР.

Поврзани содржини