Арсовски: ОБСЕ и ОДИХР констатираа правна несигурност, ДИК рачно да ги преброи ливчињата

Тој рече дека има огромен број на неважечки ливчиња, над 30.000  што е несвојствено за ваква излезност на еден изборен процес.

1,680

ВМРО-ДПМНЕ смета дека изборниот процес беше нарушен направен е изборен фалсификат и затоа бара ДИК рачно да ги пребрoи гласовите.

– Државната изборна комисија има обврска да ги испита сите сомнежи за неправилности и фалсификати, вклучително и рачното да се пребројување гласачките ливчиња, затоа што не смее да има црна дамка на процесот при ваков масовен поткуп и фалсификат – рече на денешната прес-конференција портпаролот на партијата Димче Арсовски.






Тој рече дека има огромен број на неважечки ливчиња, над 30.000  што е несвојствено за ваква излезност на еден изборен процес.

– Да потсетам уште еднаш, дека функционери на СДСМ и нивни експоненти јавно водеа кампања да се шкртаат ливчиња, претставувајќи го како повик на ВМРО-ДПМНЕ, што е кривично дело во изборен процес – рече тој.

Арсовски се повика и на првичната оценка на ОБСЕ и ОДИХР

– ОБСЕ и ОДИХР во својот извештај за предвремените парламентарни избори испрати јасна порака дека е нарушената правната стабилност на државата и има правна несигурност. Аналогно на тоа и сите донесени ад-хок регулативи од владата на СДСМ во вонредната состојба, интервенирајќи во изборниот законик, како и значителните ревизии на изборниот законик допринесоа да се поткопа правната стабилност и нормално да влијае во корист на СДСМ – рече Арсовски.

И покрај сите препораки, додаде тој,  власта недоволно направила за да се решат системски и структурно забелешките од страна на ОДИХР.

– Ова е најдобар пример дека власта на СДСМ свесно одела на изигрување на волјата на граѓаните, за да се спаси од одговорноста од криминалот и корупцијата кои ги работеа изминатите 3 години додека беа на власт, наместо да работат за добробит на граѓаните и државата – рече Арсовски.

 

 

Поврзани содржини