Арсовски: Неофицијално имаме над 80 заразени, а Спасовски и Заев свесно не туркаат во изборна кланица ВИДЕО
Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНE денеска одговараше на новинарски прашања по изјавата на премиерот Оливер Спасовски кој повика на избори на 5 јули, во деновите, како што вели Арсовски, кога се достигнува пикот на заразата со над 80 заразени.
– Во денешниот случај неофицијалната бројка е над 80 заразени и е навистина голема и го достигнуваме вториот пик. Ова е страшно и ова е загрижувачки, тоа значи дека Спасовски и Заев се директно одговорни за секој еден заразен и починат човек. Тие наместо заштита на населението паметот им е како да седнат во фотељите. Поголема зараза од ковид е заразата на лудилото наречено Заев – Спасовски кој ја втурнува свесно државата во изборна кланица каде што ќе броиме новозаразени, ќе броиме жртви наместо гласови на денот на изборите. Заев и Спасовски стануваат џелатите на сопствениот народ и губат контрола над работите – рече Арсовски.
Тој порача дека во оваа држава приоритет број 1 мора да биде здравјето на граѓаните не личниот интерес на политичари на кои им завршува кариерата.
Според Арсовски, лошите резултати со кои се соочуваме денес е последица на лошото менаџирање во текот на изминатите 3 месеци, она што подобро го објасни докторот Игор Николов. Комисијата за заразни болести која работи под диктат на Заев наместо да работи самостојно беа само нем извршител на диктатите и политичките желби на Зоран Заев.
– Во однос на фиксираниот датум за избори 5 јули кога би се случиле изборите не само што е несериозно, туку е морбидно, бездушно и нечовечки во ден кога имаме над 80 заразени да се зборува за избори во време кога броиме секој ден по неколку човечки жртви. За жал, овие бројки секој ден се зголемуваат и морбидно и бездушно е да се говори на тема избори, туку во моментов треба единствено да ни е во интерес здравјето на граѓаните и како да ја намалиме бројката на смртност бидејќи гледаме во моментов Република Македонија е со највисока смртност во регионот – порача Арсовски.