АРСОВСКА СИ ОСТАНА НА ВЕТУВАЊЕТО Иако сѐ беше готово, стопиран е тендерот на ЕБОР за автобуското метро

БРТ е релативно непознат концепт за граѓаните на Скопје. Според анализите кои биле изготвени минатата година за потребите на Град Скопје се укажува на бројни недостатоци и ризици од проектот кои ќе имаат влијание врз животната средина, што во никој случај не смее да се дозволи, велат од Град Скопје.

553

Официјално е стопиран тендерот за изградба на автобуското метро или Бас рапид транзит (БРТ), кој беше објавен од страна на Европската банка за обнова и развој, пишува СДК.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска откако дојде на функцијата најави дека нема да го продолжи проектот на нејзиниот претходник, Петре Шилегов, а сега тој е официјално прекинат.






Од кабинетот на Арсовска велат дека постапката е прекината и затоа нема пристигнати понуди.

– БРТ е релативно непознат концепт за граѓаните на Скопје. Според анализите кои биле изготвени минатата година за потребите на Град Скопје се укажува на бројни недостатоци и ризици од проектот кои ќе имаат влијание врз животната средина, што во никој случај не смее да се дозволи. Како што знаете во моментов се водат преговори со ЕБРД и по нивното завршување граѓаните ќе бидат информирани за договореното – велат од Град Скопје.

Поранешното раководство на Град Скопје заедно со експертите на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) на пректот работеа околу три години. Притоа со средства од ЕБОР во висина од 75.000 евра се направија истражувањата, а неколку експерти од земјава и странство учествуваа во изработка на студијата.

Врз основа на истражувањата и студијата, со буџетски пари од Градот се правеше проектот за првата траса од Ѓорче Петров до Ново Лисиче за што беа потрошени 95.000 евра.

Во април годинава беше потпишан договорот со ЕБОР за наменски кредит од 70 милиони евра за изградба на двете траси од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и од Бутел до Кисела Вода.

Потоа, во јули проектот беше презентиран на јавноста и беше кажано дека возилата ќе се движат по посебната лента која ќе биде во средишните жардинери, а ќе биде одвоена од лентите за сообраќај со зеленило од двете страни.

Поврзани содржини