АРСОВСКА НЕ НИ ДОЗВОЛИ ДА ОРГАНИЗИРАМЕ ЦЕНТРАЛЕН МИТИНГ НА ПЛОШТАД Коалицијата ВРЕДИ ја обвини скопската градоначалничка
Албанската коалиција на опозициските партии ВРЕДИ, најави дека централниот митинг наместо на Плоштадот Македонија, ќе го одржат в понеделник во Скопје на Плоштадот Скендербег.
Коалицијата ВРЕДИ обвини дека скопската градоначалничка, Данела Арсовска, не им дозволила да го организираат централниот митинг на Плоштадот Македонија во Скопје, пренесува Телма.
Нивното барање било митингот да се одржи на скопскиот плоштад во понеделник . Од ВРЕДИ тврдат дека тоа е сторено поради страв од, како што велат, народната поддршка што ја има коалицијата.
Албанската коалиција на опозициските партии најави дека централниот митинг сепак ќе го одржат в понеделник во Скопје, но на Плоштадот Скендербег.