АРСОВСКА ГО БЕТОНИРА ГРАДСКИ ПАРК Скопјани со жестоки реакции на градежната офанзива на градоначалничката

Од Зелен хуман град бараат веднаш да се прекине со асфалтирање во Градскиот парк. Оттаму велат дека бетонот само ги зголемува температурите на воздухот. Тие испратија официјален допис до Град Скопје и до ЈП Улици и патишта и бараат Град Скопје веднаш да ги адаптира своите активности на препораките кои се дел од стратешките документи што локалната самоуправа ги изработува, а се платени од нашите јавни пари.

807

Социјалните мрежи вријат, а исто така пристигнуваат реакции од сите страни, по денешното асфалтирањето на пешачките патеки околу  малиот лавиринт во првиот дел од паркот, за кое од Град Скопје велат дека е дел од тековна реконструкција на Градскиот парк.

Од платформата за македонска архитектура „МАРХ посочуваат дека зачудува неразбирањето на дизајнот на овој простор од надлежните.






– Патека од песок не е незавршен проект, туку наменски дизајн. Доколку е деградирана треба да се постави нов слој на песок. Не секоја патека во парковите треба да е асфалтирана, поплочена и погодна за ‘ролери’. Истото можете да го сретнете во секој поголем стар парк низ светот, Версајските градини, Паркот Луксембург во Париз, Централ Парк во Њујорк, потоа хортикултурното уредување на сите дворци и палати – буквално насекаде – пишуваат од МАРХ.

Од Зелен хуман град бараат веднаш да се прекине со асфалтирање во Градскиот парк. Оттаму велат дека бетонот само ги зголемува температурите на воздухот. Тие испратија официјален допис до Град Скопје и до ЈП Улици и патишта и бараат Град Скопје веднаш да ги адаптира своите активности на препораките кои се дел од стратешките документи што локалната самоуправа ги изработува, а се платени од нашите јавни пари.

– Во Стратегијата за отпорно Скопје од 2017 г. се вели „Колку повеќе бетон и асфалт, толку повисока температура. Потребни се повеќе зелени површини, зелени покриви и зелени фасади. Конвенционалните материјали за поплочување можат да достигнат летни температури и од 48-67°C. Ваквите загреани површини ја пренесуваат топлина во воздухот над нив со тоа значајно придонесуваат за создавањето на топлински острови. […] Улиците, плочниците, паркинзите, тротоарите и другите површини може да се конструираат со користење на пропустливи/проодни материјали за поплочување, и со тоа да се помогне да се излади околината, истовремено намалувајќи го истекувањето на атмосферските води.“ е наведено во студијата за Урбани топлински острови во Скопје од 2018 година – велат од Зелен Хуман Град.

Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов даде свој коментар за асфалтираните земјени патеки во Градски парк.

– Во Градскиот парк во Скопје, во таканаречениот турски дел (паркот е подигнат на почетокот на 20-ти век), постојат (постоеа, сега веќе) земјени пешачки патеки, останати таму како традиција. Стојат така повеќе од сто години. До денес. Денес дојдоа „новите ветришта“ … П.С. Изборот на асфалт како подлога за стази во парк, во денешно време, е ствар на тотално незнаење и дефинитивно на лош, ама многу лош вкус !!! – напиша Шилегов на Фејсбук.

Од Град Скопје известија дека екипите на ЈП Улици и патишта, изминатите денови започнале активности за реконструкција на патеките во близина на малиот лавиринт во првиот дел од паркот и дополнително уредување на зеленилото.

Градоначалничката Данела Арсовска, во своја писмена изјава посочи дека реконструкцијата на пешачките патеки ќе продолжи, а предвидено е да бидат опфатени пешачки патеки на вкупна површина од 12.500 квадратни метри во првиот дел од Градскиот парк.

– Од вкупната површина 7.500 квадратни метри се пешачки патеки што се покриени со ризла кои ќе бидат асфалтирани, а 5.000 квадратни метри пешачки патеки кои се затекнати во лоша состојба со големи оштетувања, ќе бидат санирани со нова асфалтна маса – истакна Арсовска.

Директорот на ЈП Улици и патишта Борис Настов, кој ја придружувал Арсовска на денешниот увид на реконструкцијата, дополни дека веќе е започната целосна реконструкција на пешачките патеки со ризла, по што ќе следи фаза на реконструкција на оштетените асфалтни патеки и нивна санација со нова асфалтна маса.

Освен реконструкција на пешачки патеки, од Град Скопје најавуваат и обнова за зеленилото, поставување на нови садови за отпадоци, нова урбана опрема и санација на постоечката урбана опрема, како и реконструирање на плочници и тековно одржување на парковата опрема.

Поврзани содржини