АРСОВСКА ЌЕ МУ БИДЕ ГОСТИНКА НА МИЦКОСКИ Средбата за спас на Скопје е закажана за попладне

Како што информира владината прес-служба, средбата ќе се одржи во 15:30 часот во Владата. По средбата, изјава за медиуми ќе даде само министерот Златко Перински.

406

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска ќе имаат средба со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Како што информира владината прес-служба, средбата ќе се одржи во 15:30 часот во Владата. По средбата, иако се очекуваше градоначалничката да ѝ се обрати на јавноста, сепак изјава за медиуми ќе даде само министерот Златко Перински.






Премиерот Мицкоски пред неколку дена изјави дека е подготвен за секое решение за проблемите во главниот град, но доколку нема прогрес, рече, „тогаш ќе мора да одиме радикално и инвазивно“.

Тој нагласи дека прифаќа сѐ што е во интерес на скопјани. Затоа што, рече, „градот мора да функционира нормално“, посочувајќи дека претстои и почеток на нова учебна година и граѓаните веќе се враќаат од годишните одмори.

Град Скопје во петокот попладнето со допис до медиумите го повика премиерот Мицкоски „да го одреди датумот, местото, темите за разговор и форматот на состанокот“.

Градските власти во соопштението наведоа дека очекуваат и потврда за предлогот за формирање заедничко работно тело помеѓу Владата и Град Скопје.

„Се надеваме на искрен и партнерски пристап од страна на Владата на Р. Македонија, во корист на граѓаните на градот Скопје“, наведено е во соопштението.

„ОДРЕДИ ДАТУМ, МЕСТО И ВРЕМЕ, НИЕ ДОАЃАМЕ!“ Арсовска го повика Мицкоски да седнат на заедничка маса

ЌЕ ПРОБАМЕ СО УБАВО, А АКО НЕ БИВА, ЌЕ ДЕЛУВАМЕ РАДИКАЛНО! Мицкоски ќе стори сѐ за да ги реши проблемите на скопјани

Поврзани содржини