АРСОВСКА ДА ЈА ПРЕИСПИТА ОДЛУКАТА Бочварски вели одвоени се пари за Брзиот автобуски превоз во Скопје
Повикуваме, Градот Скопје да ја преиспитаат одлуката бидејќи секое отстапување од ваков систем на транспорт, нема да донесе поефикасен превоз во главниот град – рече Бочварски.
Од буџетот за следната година предвидени 246 милиони денари за брзиот автобуски превоз, проект кој беше промовиран од поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, истакна на денешната прес-конфереција, министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски.
Сепак актуелната градоначалничка, Данела Арсовска, пак, кажа дека за јавниот превоз во Скопје има друго решение, за што министерот упати апел за преиспитување на одлуките.
– Во буџетот за следната година предвидовме 246 милиони денари за воведување на брз автобуски превоз во Скопје. Би сакал да потенцирам дека тендерската постапка за овој проект е во тек, и оттука сакам да упатам апел до Град Скопје да ги преиспита најавите за откажување од овој проект. Повикуваме, Градот Скопје да ја преиспитаат одлуката бидејќи секое отстапување од ваков систем на транспорт, нема да донесе поефикасен превоз во главниот град – рече Бочварски.
Министерот потенцираше дека од другата страна, мислејќи на градоначалничката Арсовска, не биле презентирани аргументи зошто би се стопирал ваквиот проект, а одлуката да биде поткрепена брз база на студии, анализи и експертски знаења.
– Ова како што знаете е проект на Градот Скопје, но е финансиран од страна на владата. Затоа очекувам во следниот период да се донесат мудри одлуки, затоа што Скопје по многу децении тежнее по ваков транспорт, а кој конечно ќе се реализира – вели Бочварски.